СДСМ: Политиките на СДСМ ја штитат економијата и животниот стандард на граѓаните

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Економските политики на СДСМ во време на глобални кризи, економска, енергетска и пост-ковид криза ја штитат економијата, како и животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ во партиско соопштение.

Според нив, економијата расте и во време на криза, што се потврдува и со прогнозите на ММФ, за економски раст од 2,5 насто годинава и 3,2 проценти наредната година.

– Невработеноста се намалува, паѓа инфлацијата, со мерките за гарантирани цени, се намалија и цените на огромен број прехранбени производи. Истовремено растат платите и пензиите. Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година е покачена на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари. Просечната пензија е зголемена за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 проценти, велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ продолжува со мерките за поддршка на стопанството, како и за заштита и унапредување на животниот стандард за сите граѓани.

Текстот СДСМ: Политиките на СДСМ ја штитат економијата и животниот стандард на граѓаните е превземен од МАКФАКС.