СДСМ: Младите се за членство во ЕУ, немаат нови години за губење

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Младите се за членство во ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ДПМНЕ води кон нови иселувања, економско уназадување и незвесност.

Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги фрлат во вода.

СДСМ е за европска иднина а Мицкоски и ДПМНЕ за изолација.

СДСМ нема да дозволи младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена, не им мислат ништо добро“.

Соопштение на СДСМ

Текстот СДСМ: Младите се за членство во ЕУ, немаат нови години за губење е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn