СДСМ: Мицкоски и антиевропската ДПМНЕ се виновни што не отвораме поглавја

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Политиката на блокади на анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски го изблокира и евоинтеграцискиот пат на државата, информираат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Пораките од Брисел можеа да бидат сосема поинакви, победнички, да се објави дека државата продолжува со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, дека продолжува нашиот евроинтеграциски пат.

Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Тие се виновни што не отвораме поглавја. Неисполнувањето на обврските за уставни измени е кочница на понатамошниот пат кон ЕУ.

Народот уште еднаш можеше да се увери дека со овие политичари ќе биде лишен од можноста забрзано да се приклучи на прогресивното европско семејство.

Граѓаните знаат да проценат кој за каква иднина на државата се бори.

ДПМНЕ е истата партија која 11 години владееше со лажен патриотизам, квазинационализам и популизам, што доведе до целосно заробена држава, изолирана од меѓународната заедница и скарана со соседите.

СДСМ не се откажува од европската перспектива на државата и граѓаните. Местото на Северна Македонија е во Унијата. СДСМ продолжува да работи на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: Мицкоски и антиевропската ДПМНЕ се виновни што не отвораме поглавја е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn