„ДПМНЕ призна дека покачувањето на платите претставува вистински чекор на патот на државата кон ЕУ. Со ова ДПМНЕ, која 11 години ги држеше платите во стагнација, одаде признание за мерките и политиките што ги спроведува СДСМ за континуирано покачување на платите во сите дејности“, велат од СДСМ.
„Минималната плата која беше 8.000 денари до 2016 година, а во некои сектори и помала денес е 20.750 денари што е зголемување повеќе од двојно.
Истовремено со воведеното системско решение минималната плата континуирано ќе се зголемува и никогаш повеќе нема да зависи од нечие политичко самоволие.
Просечната плата, којашто за време на владеење на ДПМНЕ беше 22.000 денари денес е 37.000 денари, односно за 60 отсто повеќе.
Платите на наставниците во основното и средното образование се покачени за 55 проценти, на лекарите специјалисти за 40 отсто, растат платите на вработените во културата, детската заштита, полицијата, армијата.
СДСМ на дело го цени и го вреднува трудот на работниците“, соопшти СДСМ.
Текстот СДСМ: ДПМНЕ призна дека покачувањето на платите се вистински чекори на патот кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.