Сахо го фрлил тренерот на земја

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мамаду Сахо би можел да остане без клуб откако го нападна тренерот Мишел Дер Закаријан за време на тренингот. Сахо го нападнал тренерот, бидејќи на тренинг-натпревар во Монпелје, тренерот не ги санкционирал прекршоците направени врз Сахо.

По еден еден таков недосуден фаул, Сахо тргнал да го напушти теренот, а откако тренерот му рекол дека тренингот не е завршен, тој се вратил назад и како партал го фрлил Закаријан на земја.

Закаријан сакаше да се ослободи од 33. годишнот дефанзивец во летниот преоден рок, но никој не беше заинтересиран, па Сахо остана во Монпелје и одигра само еден натпревар оваа сезона.

Сахо, кој одигра 29 натпревари за Франција од 2010 до 2018 година, пристигна во Монпелје пред две години. Претходно играше за ПСЖ, Ливерпул и Кристал Палас.

Текстот Сахо го фрлил тренерот на земја е превземен од МАКФАКС.