Салах го продолжил договорот со Ливерпул?

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах го продолжил договорот со Ливерпул. Ова го тврди поранешниот египетски репрезентативец Хејтам Фарук преку својот профил на „Х“. Фарук работи како стручен консултант на телевизијата „beiN Sport“, која има одлични односи со најдобриот играч на Ливерпул.

„Честитки за продолжувањето на договорот со бројот што го сакате и периодот што го посакуваше“, напиша Фарук.

Во овој момент Салах е најдобриот играч во светот. Крилниот напаѓач на „црвените“ игра брилијантно, сезонава постигна 15 гола со 12 асистенции на 21 натпревар.

Текстот Салах го продолжил договорот со Ливерпул? е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn