Најпознатиот арапски фудбалер Мохамед Салах на социјалните мрежи се огласи за вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестина, а неговата објава за само неколку часа доби повеќе од 100 милиони прегледи на „X“, поранешен „Твитер“.
Во својата видео порака, Салах ги повика светските лидери „да се здружат за да го спречат да гинат невини души“, барајќи истовремено итно да се достави хуманитарна помош до луѓето од Појасот Газа.
„Не е секогаш лесно да се зборува во вакви времиња, имаше премногу насилство, премногу бруталност… Сите животи се свети и мора да се заштитат. Масакрите мора да престанат, семејствата се уништуваат. Она што е јасно е дека истата секунда мора да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа. Тие луѓе живеат таму во ужасни услови“, рече Салах.
Фудбалерот на Ливерпул во своето обраќање не ги искористи зборовите Израел и Палестина.
— Mohamed Salah (@MoSalah) October 18, 2023
Текстот Салах ги повика светските лидери да се здружат и да го спречат крвопролевањето е превземен од МАКФАКС.