Најтрофејниот хрватски клуб, Динамо, продолжи со катастрофалните изданија во тековната сезона. Синоќа, Динамо го запиша вториот пораз во Конференциската лига. На домашен терен, со гол од пенал, Днамо загуби од Викторија Плзен.
Алармот повторно е вклучен на „Максимир“ бидејќи ова е четврти пораз за Динамо на последните пет натпревари.
Во Ц-групата, во Конференциската лига, Динамо има три бода, колку што досега собраа Астана и Балкани. Со три победи групата ја предводи Викторија Плзен.
„Кога не можеш да постигнеш гол, примаш. Рековме дека не треба барем да примиме гол. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо за лошите резултати во последно време. Мораме да се освестиме дека го носиме дресот на Динамо“, изјави поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски.
„Викторија е европски тим кој знае како да игра вакви натпревари. Тоа не не изненади, покажавме некаков чувар. Мораме да се опоравиме, имаме натпревари во ХНЛ. Мислам дека првото место е изгубено. Но, би било жално ако не одиме понатаму“.
Foto/ Hina
Текстот Ристовски: Жално би било да не ја поминеме групата е превземен од МАКФАКС.