Ревизорите констатирале неправилности на Онкологија и во битолската болница

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека во ревизорските извештаи објавени во април констатирани се неправилности на Клиниката за онкологија, но и во битолската болница.

Вели дека и двете болници располагаат со акцелератор кој е наменет за лекување на онколошките пациенти, но апаратите не се ставени во функција, и покрај тоа што била платена поголема сума за нив.

Констатиран е и проблем со начинот на кој се водело издавањето на терапијата на Клиниката за онкологија, односно лицата кои се ставаат на терапија, набавката на терапија и евиденцијата.

За битолската болница, во извештајот, ревизорите констатирале незаконски исплати, недозволена прекувремена работа и злоупотреба на термините за прегледи.

Целото интервју на РСЕ.

 

Текстот Ревизорите констатирале неправилности на Онкологија и во битолската болница е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn