Реал го продолжи договорот со Камавинга

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска потврди дека Едуардо Камавинга (20) потпиша нов договор. Камвинга потпиша договор до 2029 година.

Претходно договорите со Реал ги продолжија Бразилците Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао. Кај сите во договорите откупната клаузула изнесува една милијарда евра.

Камавинга пристигна во Реал од Рен пред две години за 31.000.000 евра.

Досега ја има освоено Лигата на шампионите, Ла Лига, Копа дел Реј, Светското клупско првенство и Суперкупот на Шпанија.

Текстот Реал го продолжи договорот со Камавинга е превземен од МАКФАКС.