Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари од корисник

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР го распиша јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.

Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни  кози.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со Закон за земјоделството и руралниот развој.

Максималната вредност на прифатливи трошоци од корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50 до 75 %.

Како што информира МЗШВ, рокот за аплицирање е до 16 ноември 2023 година, а аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Напоменуваме дека барателите што имаат важечки договор од претходните години за набавка на добиток, односно тие не ја реализирале планираната инвестиција, немаат право да аплицираат на овој јавен повик.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за повикот може да најдат на веб-страницата на АФПЗРР 

Текстот Распишан нов јавен повик за набавка на педигриран добиток со поддршка до 10 милиони денари од корисник е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn