Поранешниот англиски репрезентативец Даниел Стариџ би можел од сосема бизарна причина да се најде зад решетки.
Како што пренесуваат англиските медиуми, по него е распишана потерница бидејќи не се појавил пред судот во Лос Анџелес, поради долг кон чесниот пронаоѓач на неговиот миленик.
Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Челзи и Ливерпул го загуби кучето на американската турнеја во 2019 година и потоа јавно ја објави потрагата по него. Понуди и парична награда.
Кога извесен Фостер Вашингтон, музичар од Лос Анџелес, го нашол и му го вратил кучето, англискиот напаѓач не му ја дал наградата што ја ветил.
Поради ова, целиот случај заврши на суд, а пресудата беше донесена во корист на Вашингтон.
„Се надевам дека ќе платат и нема да поднесат жалба. Се борам за моето право и за ветената награда. Не можам да верувам дека сето ова е готово”, изјави Вашингтон по пресудата.
Сега Даниел Стариџ се наоѓа на потерница, кога ќе биде пронајден ќе мора да му плати Вашингтон или ќе биде уапсен.
Текстот Распишана потерница по Даниел Стариџ е превземен од МАКФАКС.