Ракометарките го декласираа Азербејџан на стартот од квалификациите за ЕП

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Вечерва во Скопје, според очекувањата, Македонија го декласира Азербејџан со 40:17.

Воведните минути беа јасен показател во која насока ќе се движи натпреварот. Македонските ракометарки стекнаа предност 9:1, која потоа само се зголемуваше.

Македонија ја предводеа Седлоска и Саздовска со по седум голови, пет постигна Јанкуловска, а четири Младеновска.

Во второто коло во Групата 5, Македонија ќе гостува во Литванија. Натпреварот ќе се одигра на 15.октомври.

Фото/ архива Игор Паневски

Текстот Ракометарките го декласираа Азербејџан на стартот од квалификациите за ЕП е превземен од МАКФАКС.