Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пукањето во “Ист гејт” во полиција било пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите. Министерството за внатрешни работи во билтенот информира за пукањето во трговиот центар „Ист Гејт“ кое се случи вчера.

-Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ “Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен.

36 годишниот Раде Трајковски Штекли, врз кој вчера беше пукано во Ист гејт, е контактибилен и со стабилни параметри по хируршката интервенција на левиот граден кош.

Штекли и неговиот придружник беа повредени вчера попладне во „Ист гејт“ во период кога трговскиот е полн со посетители.

МВР објави фотографија од напаѓачот и побара помош од граѓаните за негово пронаоѓање и идентификување. На случајот сè уште се работи. Луѓе во паника го напуштаа трговскиот кој се полнеше со полиција, но до вечерта продолжи со работа.

Текстот Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn