Психолошки трик: Зошто количките за пазарење имаат косина

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во супермаркетите ништо не е случајно. Со цел да ги поттикнат клиентите да купуваат повеќе, малопродажните синџири користат различни трикови, па затоа и не е чудно што повеќето колички имаат косина.

Количката што ја користите е речиси секогаш под агол така што едниот врв е повисок од другата страна.

Зад косината се крие суптилен трик, кој има за цел да ги поттикне клиентите да ставаат повеќе производи во количката, со што, се купува повеќе и се зголемува продажбата, пренесува магазинот „Феникс“.

„Додека пазарите, ја туркате количката пред вас и гледате напред или на страна. Поради косината, производите што веќе сте ги купиле се лизгаат кон вас и остануваат на најниското место во количката. Поради ова, производите исчезнуваат од вашето видно поле или ви се чини дека ги има значително помалку“, пишува магазинот.

Со самото тоа, ако количката е се’ уште релативно празна, може да се добие впечаток дека на купувачот му требаат повеќе производи за да ја наполни и на тој начин да постигне чувство на ситост и задоволство.

Овој трик на крајот ги наведува клиентите да купуваат повеќе производи отколку што првично планирале, се додава.

Текстот Психолошки трик: Зошто количките за пазарење имаат косина е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn