Во центарот на Нови Сад се одржа протест за поддршка на Палестина. Неколку собрани, главно мажи, извикуваа слогани на централниот градски плоштад, со порака дека „сега е моментот да се каже доста за израелската окупација“.
Тие пееја стихови кои повикуваат на ослободување на Палестина и ја нарекуваат окупацијата злосторство, пренесува порталот 021.rs.
Насобраните ги носеа знамињата на Србија и Палестина.
Израел и Палестина влегоа во уште еден во низата децениски конфликт откако палестинскиот Хамас го нападна Израел.
Светот остана во шок по објавувањето на вести, фотографии и сведоштва за злосторството на Хамас врз учесниците на музички фестивал во близина на Појасот Газа. Тогаш беа убиени повеќе од 250 луѓе.
После тоа Израел започна воена операција во Газа.
Текстот Протест за поддршка на Палестина во центарот на Нови Сад е превземен од МАКФАКС.