Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.

Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, јави УХМР.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Текстот Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn