Принцот Вилијам беше почесен гостин на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, каде што се одигра натпреварот помеѓу „Астон вила“ и „Зрињски“ од Мостар.
Принцот од Велс е голем навивач на „Астон вила“. Често го посетува стадионот на клубот и ги следи натпреварите во живо. На социјалните мрежи често се појавуваа снимки од Вилијам како се радува и скока кога играчите на „Астон вила“ ќе постигнат гол.
Синоќа „Астон вила“ го победи „Зрињски“ со 1:0. Клубот од Босна и Херцеговина, првиот претставник на оваа земја во европските натпреварувања, беше блиску до освојување голем бод на гостувањето во Бирмингем против петтиот тим од Премиер лигата.
Текстот Принцот Вилијам следеше фудбалски натпревар во Бирмингем е превземен од МАКФАКС.