Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки помеѓу државите од Западен Балкан

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата на денешната седница го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори и склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија, го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот, известуваат од Владата.

По успешно завршените преговори за склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за доктори, стоматолози и архитекти од минатогодишниот Самит на Берлинскиот процес, работните групи го продолжија заокружувањето на Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за останатите четири регулирани професии.

Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Договорот за слободна трговска соработка на Централна Европа се заснова на принципот на автоматско признавање согласно Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за признавање на професионални квалификации и е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамките на сите шест земји од Западен Балкан. Дел од иницијативата за формирање на Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година), се додава во соопштението на Владата.

Текстот Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки помеѓу државите од Западен Балкан е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn