Претседавачот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје.

Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“, има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.

Конференцијата ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми.

Конференцијата ќе се одржи на 23 и на 24 октомври во Скопје, извести МНР.

Текстот Претседавачот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn