Синоќа полицијата го приведе Е.А.(51) од с.Грнчари, ресенско.
По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис.
По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Текстот Претрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер е превземен од МАКФАКС.