Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието.

Деловникот ќе стапи во сила од следниот парламентарен состав.

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери изјави дека со новиот Деловник ќе се надминат предизвиците со коишто се соочувало Собранието уште од независноста и дека слабостите како и различните толкувања ќе бидат оневозможени.

Во иднина, рече Џафери, нема да се повторат ситуациите што ги имавме во минатите состави, вклучувајќи го и овој состав. Ќе има заедничка гаранција дека Собранието не може да се блокира, туку ќе биде функционално во името на граѓаните.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на 10 октомври ја изгласа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието.

Се очекува новиот Деловник на Собранието да се донесе до крајот на годината.

Текстот Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn