Почнува судскиот процес против Милорад Додик, денеска треба да се појави во судница

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска пред Судот на Босна и Херцеговина ќе се изјасни за обвинувањата според потврденото обвинение на Обвинителството на Босна и Херцеговина за аферата „Указ“. Да потсетиме дека Обвинителството на БиХ ги обвини Додик и Милош Лукиќ, в.д. директор на „Службен весник на РС“, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Иако се шпекулираше дека нема да дојде, Додик ќе се појави во судницата во закажаното време. Во случај да сака да бара одложување, морал да поднесе барање до судот. Но, тој не го направи тоа. Неговото непојавување би значело распишување налог и барање притвор, пишува Дневни аваз.

Додик и неговата одбрана ќе бидат во Судот на Босна и Херцеговина, во судницата број шест, пред 13 часот, за кога е закажано рочиштето.

Текстот Почнува судскиот процес против Милорад Додик, денеска треба да се појави во судница е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn