Почина легендарниот Аргентинец, Цезар Луис Меноти

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Аргентинскиот фудбалски тренер Цезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст, соопшти аргентинскиот фудбалски сојуз.

Меноти, познат и како „Ел Флако“ (Слабиот), го освои Светското првенство во фудбал во 1978 година како селектор на Аргентина.

Роден е во градот Росарио, а најголемиот дел од својата кариера го помина во истоимениот клуб. Играше и за Бока Јуниорс.

Како тренер, меѓу другите ги водеше Њуелс Олд Бојс од Росарио, Бока Јуниорс, Ривер Плата, Атлетико Мадрид, Барселона и Индепендиенте, а покрај сениорскиот тим беше селектор и на аргентинската репрезентација под 20 години, како и Мексико.

Меноти последниот месец го помина во болница поради анемија.

Шпанска „Марка“, наведува дека Меноти како тренер ја пропагирал идејата за фудбалот како уметнички израз, наспроти „биладиризмот“, кој го имплементирал аргентинскиот тренер Карлос Билардо, а кој вклучувал користење на сите достапни сегменти од играта за да се постигне победа по секоја цена.

Текстот Почина легендарниот Аргентинец, Цезар Луис Меноти е превземен од МАКФАКС.