Поцеко го презеде Асвел Вилербан

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Џанмарко Поцеко е новиот тренер на Асвел. Она што вчера беше означено како завршена работа, денеска е официјализирано.

Ова е прв ангажман за италијанскиот стручњак во Евролигата.

Претходно ги водеше Орландина, Варезе, Фортитудо од Болоња, Динамо Сасари, а работеше како асистент во Цедевита и Олимпија од Милано.

И покрај ангажманот во Асвел, Поцеко ќе остане селектор на италијанската репрезентација.

Асвел во првите четири кола во Евролигата забележа исто толку порази, а Поцеко ќе дебитира на клупата на мечот против Виртус на домашен терен в петок.

Текстот Поцеко го презеде Асвел Вилербан е превземен од МАКФАКС.