
Многу редок син дијамант беше продаден за повеќе од 40 милиони евра на аукција на аукциската куќа „Кристи“.
Дијамантот „Блу ројал“ во облик на круша од 17,61 карати достигна продажна цена од 43,8 милиони долари.
Тој е најголемиот живописен син скапоцен камен што некогаш се појавил на продажба во историјата на аукциите, соопшти „Кристи“, според Би-би-си.
Дијамантот бил во приватна колекција 50 години.
Текстот Познатиот син дијамант продаден на аукција за 44 милиони долари е превземен од МАКФАКС.