Пожарот во Осиек ставен под контрола, воздухот во Антуновац е загаден

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пожарот во Осиек е ставен под контрола.

Ширењето на пожарот во компанијата за преработка на пластика „Драва интернешнл“ повеќе не е загрозено, а од Владата ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа поради овој настан, изјавија челниците на округот и на градската управа на Осиек, Анушиќ и Радиќ, по посетата на местото на пожарот.

Гаснењето било напорно, а покрај речиси 200 хрватски пожарникари со 82 возила, на терен имало и многубројни противпожарни екипи од Славонија, јавува Хрватската радио-телевизија.

Во акцијата за гаснење на пожарот повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко.

Од Штабот на цивилната заштита Осиек – Барања претходно изјавија дека благодарение на отстранувањето запаливи материи и течности од просториите на претпријатието е спречена голема катастрофа.

Заменик-градоначалникот на Осиек и началник на штабот на Цивилната заштита, Драган Вулин, изјави дека кога станува збор за квалитетот на воздухот и водата во Осиек, според податоците од претходниот ден, нема зголемување на вредноста на ниту еден вид честички.

Текстот Пожарот во Осиек ставен под контрола, воздухот во Антуновац е загаден е превземен од МАКФАКС.