Петмина фудбалери ќе ги продолжат договорите со Реал

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реал Мадрид, до крајот на овој месец, ќе им ги продолжи договорите со петмина свои фудбалери, пренесуваат шпанските медиуми. Нови повеќегодишни договори ќе добијат Бразилците Родриго, Винисиус Жуниор и Едер Милитао, односно Едуардо Камавинга и Феде Валверде.

На сите ќе им биде покачена платата и секој од нив ќе има отштетна клаузула во висина од една милијарда евра.

Винисиус ќе добие договор до јуни 2027, а останатите до јуни 2028 година. Реал една година работеше на продолжување на договорите со споменатите играчи, а сега конечно е постигнат договор со сите.

„АС“, наведува и дека на крајот на сезоната ќе се размислува што да се прави со играчите над 30 години. Тука најмногу се мисли на Лука Модриќ и Тони Крос чии договори истекуваат на крајот од сезоната.

Текстот Петмина фудбалери ќе ги продолжат договорите со Реал е превземен од МАКФАКС.