Пензионерите во Хрватска ќе добијат еднократен паричен надоместок

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во Хрватска во понеделник ќе започне исплатата на еднократниот паричен надоместок за ублажување на последиците од зголемените трошоци за живот на пензионерите, за што од државниот буџет се обезбедени 64 милиони евра, соопшти Хрватскиот завод за пензиско осигурување.

Еднократна готовинска исплата, доколку вкупната месечна исплатена пензија за тој месец не надминува 700 евра, ќе добијат 637.738 корисници на пензија остварена во Република Хрватска.

На корисниците кои примаат пензија до 300 евра ќе им бидат исплатени 160 евра, оние кои примаат до 435 евра ќе добијат по 120 евра, а оние со пензија до 570 евра ќе добијат 80 евра.

Корисниците на пензија до 700 евра ќе добијат еднократна парична помош од 60 евра.

Исплатата се врши согласно Одлуката на Владата на Хрватска од 14 септември за исплата на еднократен паричен приход на корисници на пензија заради ублажување на последиците од зголемувањето на трошоците на живот.

Текстот Пензионерите во Хрватска ќе добијат еднократен паричен надоместок е превземен од МАКФАКС.