Педри по долгата пауза се враќа во тимот на Барселона

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерите на Барселона, во дербиот на колот во Примера, ќе гостуваат во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад. Во пресрет на дербито тренерот Чави Ернандез потврди дека може да смета на Педри.

Шпанскиот репрезентативец е надвор од терените од крајот на август, требаше да се врати за 45 дена, но рехабилитацијата траеше подолго од прогнозите.

Тој требаше да настапи на последното „Ел Класико“, односно биде барем резерва, но и тогаш не беше целосно подготвен.

На листата повредени се уште се Френки де Јонг и Серхи Роберто.

Натпреварот Реал Сосиедад – Барселона е закажан за в сабота од 21 часот.

Текстот Педри по долгата пауза се враќа во тимот на Барселона е превземен од МАКФАКС.