Патниците на скопскиот аеродром да се регистрираат 3 часа пред летот – ТАВ го надградува системот за багаж

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

TАВ го надградува системот за багаж на скопскиот аеродром. До патниците се апелира да пристигнуваат на шалтерите за регистрација 3 часа пред летот.

„Почнувајќи од 9 октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеца, на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж.

Затоа апелираме до сите што ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот аеродром „Скопје“, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување на вашиот лет“, се наведува во соопштението на аеродромот.

Текстот Патниците на скопскиот аеродром да се регистрираат 3 часа пред летот – ТАВ го надградува системот за багаж е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn