Денеска беше урнат бесправно изграден објект во Скопје Север, а на уривањето присутен беше и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
– Ова беше децениски и многу голем проблем на граѓаните од ова населено место, узурпаторите покрај тоа што го прекршиле законот, имале исклучително лош однос со населението. Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки, порача Костовски.
– На ова место по отстранувањето ќе изградиме нов парк и ново урбано катче за жителите од Скопје Север. За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви! – рече Костовски.
Текстот Отстранета дивоградба во Скопје Север, на местото на нелегалниот објект ќе никне парк е превземен од МАКФАКС.