Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје, со почеток во 10 часот, извести МНР.

Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“, има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.

Конференцијата ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми, соопшти МНР.

Текстот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn