Османи: Прашање на логистика е дали изборите ќе бидат заедно или одвоено доколку не се изгласаат уставните измени

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Опозицијата има можност да го избере датумот и за претседателските и за парламентарните избори доколку ги изгласа уставните измени. Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека можноста за избор што ја даваат на опозицијата е фер понуда од страна на владејачката гарнитура.

„ Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите. Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре – веднаш по изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна“, рече министерот Османи.

Доколку не се изгласаат уставните измени остануваат редовните термини за изборите следната година, а дали ќе бидат заедно или одвоено е само прашање на логистика, техника.

„Мислам дека во тој случај редовните термини треба да бидат земени предвид и мислам дека станува прашање веќе на технички, логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда, нека ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат денот на избори кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори. Дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат одвоено тоа е прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии, да најдеме одреден консензус“, вели министерот Османи.

Тој не даде конкретен одговор на новинарско прашање дали за него е прифатлив предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски изборите да се организираат следната година во април меѓу Велигден и Рамазан Бајрам.

Текстот Османи: Прашање на логистика е дали изборите ќе бидат заедно или одвоено доколку не се изгласаат уставните измени е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn