Османи на министерски состанок во рамките на Берлинскиот процес во Тирана

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

На состанокот се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на оваа клучна иницијатива врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.

На маргините на состанокот во Тирана министерот Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.

Текстот Османи на министерски состанок во рамките на Берлинскиот процес во Тирана е превземен од МАКФАКС.