Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека Франција е недвомислена во поддршката на Македонија и Албанија кон нивниот евроинтегративен пат.
На прашањето дали е можно да дојде до одвојување на тој пат, по изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон кој во Тирана прецизираше дека неговата земја ќе ја поддржи Албанија во процесот на европска интеграција, Османи со одговор:
„Дали ќе има одвојување, веќе треба да ги прашате од нашата опозициска партија во моментов. Топката е кај нас, и уставните измени се моментот кој што ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на преговорите со ЕУ, заедно со Албанија. Тоа е прашање засега за опозицијата, а за кратко време, ќе биде и за сите нас, рече Османи.
„Мислам дека не треба да извлечеме некаква порака од изјавата на Макрон бидејќи тој беше и во билатерална посета на Албанија и оттука пораките беа наменети за Албанија а не за регионот“, кажа министерот.
Потенцира дека е оптимист за уставните измени.
„Јас сум оптимист дека ќе се случат уставните измени и дека нема да дојде до одвојување“, истакна Османи.
Текстот Османи за можно одвојување на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ: Треба да прашате во ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.