Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас, честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со ЕУ

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитики до Украина и Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија.

„Честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со Европската Унија.
Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отварање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани.
Уште малку“, порача во напишаното Османи.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, изјави претседателот на Европскиот совет.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата додека лидерите донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за „Гардијан“ тројца европски дипломати. Набрзо и самиот Орбан се огласи преку Фејсбук и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.

Текстот Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас, честитки до Украина и Молдова за почетокот на преговорите со ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn