Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.
Како што извести МНР, во рамки на посетата, тој ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.
За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише Меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки, велат од МНР.
Текстот Османи во официјална посета на Финска е превземен од МАКФАКС.