По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, јавните паркиралишта ЗОИЛ, „Тутунски комбинат“ и „8 Септември“ ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.
Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта) исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовното работно време 9 до 16 часот.
Јавните паркиралишта, пак, „Дом на печат“, „Народен фронт“, АМСМ, „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00.00 до 24 часот.
Текстот Освен на Водно, бесплатен паркинг на другите зонски паркиралишта, соопшти ЈП „Градски паркинг“ е превземен од МАКФАКС.