Општина Центар дава поддршка за граѓанската петиција за преземање конкретни мерки за безбедност на децата

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од група граѓани/родители чии што деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар-Скопје. Петицијата која е доставена до МВР, МОН, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа и Општина Центар е резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало откога пред два месеци тие алармираа за насилство и девијантни однесувања од малолетници, велат од општината.

„Во петицијата во која како родител се потпиша и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски се бара редовно полициско патролирање на локациите во општината каде се собираат младите, нивна едукација за препознавање на деликвентни појави и разни облици на насилство и педофилија, видео надзор и контрола во и надвор од училиштата, како и измени на законите со цел да се формира комунална полиција во рамките на локалната самоуправа“, соопшти општина Центар и додаде дека е „отворена за институционална соработка со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за безбедност на нивните деца, по алармот на родителите и по немилите настани кои се случија во реонот на Дебар Маало и округот на училиштето Коле Неделковски“.

Текстот Општина Центар дава поддршка за граѓанската петиција за преземање конкретни мерки за безбедност на децата е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn