Нови услуги и приближување кон населението со новата стратегија на Црвениот крст, најави Саити

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Саит Саити генерален секретар на Црвен Крст информира дека ќе се формира петгодишна стратегија за развој на Црвениот крст и најави следни чекори во вид на реформи и реорганизација на националното друштво.

„Четири  области се таргетираат во документ кој е поврзан со реорганизацја на инфраструктурата односно организационата поставеност на Црвениот крст. Следиот чекор е поврзан со трансформација куртуролошка, ќе има и трансформација поврзана со дигитализацијата и се продолжува со последниот сегмент, а е поврзан со реорганизација на програмите на Црвен крст. Оваа е обид наш да се предвиди нашиот изглед за реорганизација после 5 години. Се работи за амбиција и ќе промовираме нова понуда кон институциите во вид на стекнување на нови партнерства и еден обид наш да дадеме придонес во подобрувањето на условите на живеење“, посочи Саити.

Како што дополни ќе се понудат нови услуги, ќе има зголемување на видливоста и приближување кон населението и целните групи кои очекуваат од Црвениот крст помош и поддршка.

Текстот Нови услуги и приближување кон населението со новата стратегија на Црвениот крст, најави Саити е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn