„Новиот Меси“ стана најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ламине Јамал, чудо од дете на Барса, за само четири дена постави рекорди во Лигата на шампионите и Ла Лига. Во средата, во Порто, Порто, стана најмладиот стартер во еден натпревар во Лигата на шампионите, со само 16 години и 83 дена, а синоќа во Гранада, на 16 години и 87 дена, тој стана најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига.

Јамал, во ремито 2:2, го постигна првиот гол за Барселона, со кој го намали резултатот на 2:1.

Тинејџерот го урна рекордот на Фабрицио Олинга, кој во 2012 година постигна гол за Малага со 16 години и 98 дена.

Пред неколку дена Јамал потпиша нов договор со Барселона. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува една милијарда . Јамал е најавен како наследник на Меси. Тој е дете на мајка од Екваторијална Гвинеја и татко од Мароко, а роден е во Каталонија. Во Барселона е од шестгодишна возраст.

Текстот „Новиот Меси“ стана најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига е превземен од МАКФАКС.