24-годишната Идил Билген е новата Мис на Турција и ќе ја претставува својата земја на изборот за Мис на светот, кој ќе се одржи на почетокот на 2025 година.
По победата на натпреварот, нејзините фотографии се проширија на социјалните мрежи. Многумина во коментарите напишаа дека Идил не заслужува да победи и дека изборите биле наместени, а троловите ја исмеваат поради нејзиниот изглед.
„Сестро, можеш да продолжиш да мислиш дека си убава, цела Турција ја знае вистината“, „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“, „Навистина не сакаме таа да не претставува на светскиот натпревар“ , „Извинете, но подобро да земевте девојка од улица“, „По сите критики почнаа да ја фотошопираат“, „Само излезете на улица, првата девојка што ќе ја видите ќе биде поубава од неа“, се нижат коментарите на Инстаграм.
Текстот Новата мисица на Турција исмеана поради нејзиниот изглед: „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“ е превземен од МАКФАКС.