Нема да поскапи струјата од први јануари, уверува Бектеши: Барањата за поскапување од 27% најверојатно нема да бидат прифатени

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Иако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независно тело кое одлучува за цената на струјата, министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека барањата за поскапување на струјата за 27 % од први јануари, нема да бидат прифатени. МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО доставија пресмети со барање за поскапување на струјата, а Регулаторната комисија одлука најави за следната недела.

„Енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 % поскапување во делот на трошоците кои тие ги пријавуваат и согласно нивните планови за инвестирање. Тоа ќе биде одлука на РКЕ колку од тие трошоци ќе ги прифати. 27% не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и ЕВН. Тие најверојатно нема да бидат прифатени“, рече министерот Бектеши по одбележувањето  10 години од постоењето на Фондот за иновации.

Тој уверува дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја од први јануари туку напротив ќе имаат можност да ги намалат сметките со користење на дневната евтина тарифа на струјата.

Корисниците кои се во првиот и вториот тарифен блок нема да имаат промена во сметките ниту со воведување на новата давачка – пристап до мрежа, која ќе направи измена само кај оние кои се големи потрошувачи на струја и кај оние кои имаат по неколку станови или викендички.

Текстот Нема да поскапи струјата од први јануари, уверува Бектеши: Барањата за поскапување од 27% најверојатно нема да бидат прифатени е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn