Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17-годишното момче за кое излезе информација дека било несоодветно третирано во Демир Хисар. Министерот Меџити лично се запозна со случајот како би можело Министерство да помогне за полесна грижа за момчето. На средбата од страна на Меџити беше изразено жалење за настанатата ситуација и министерот потенцира дека нема да дозволи никогаш несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни лица.
„Иако добив уверувања од менаџментот на болницата дека е постапено по сите протоколи со цел безбедност на пациентот, случајот и работењето на болницата во Демир Хисар ќе биде под строг надзор на Министерството. Ги охрабрувам другите институции, кои почнаа постапка, да ги завршат за да се расчисти случајот до крај. Родителите на момчето ја имаат нашата поддршка. Разговаравме за нивните проблеми и ветивме дека ќе се заложиме на оваа семејство да му помогнеме, ќе направиме напори момчето да биде сместено во интернатот од училиштето за деца со посебни потреби, ‘Партениј Зографски’, во Скопје, каде што оди во училиште“, истакна на средбата министерот за здравство.
Мајката на 17-годишното момче на средбата пренесе дека дополнително семејството било вознемирено со објавување лажни фотографии во јавноста, каде што биле изнесувани невистини дека се работи за нејзиното дете прикажувајќи момче како седи на земја врзано за креветот. Министерот за здравство упатува апел до целата јавност сите ние да внимаваме кога споделуваме вакви чувствителни вести.
Текстот Нема да дозволам нехумано однесување со пациенти: Меџити се сретна со мајката на момчето со аутизам, кое беше повредено во болницата во Демир Хисар е превземен од МАКФАКС.