На скрининг-агендата денеска и утре билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 22

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска, во Брисел, почна билатералниот скрининг за Поглавјето 22, „Регионална политика и координација на структурните инструменти“, кое е дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, кое вклучува регулативи поврзани со планирањето и спроведувањето на кохезивната политика на Европската Унија и употребата на европските структурни и инвестициски фондови.

Пред експертите на Европската комисија од Дирекцијата за регионална и урбана политика, Дирекцијата за вработување, социјални работи и инклузија и од Дирекцијата за проширување, заменичката на главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили, рече дека нашите институциите знаат дека е важно сега да воспоставиме систем за управување со средства, односно програми, за да обезбедиме ефективно, ефикасно и видливо користење на средствата од ЕУ за потребите на остварување на економскиот и социјалниот развој како држава членка на ЕУ.

„Почнувајќи со многу скромен капацитет, но со заложба од визионерите во неколку институции, во текот на годините се инвестира во градењето на знаењата и вештините на структурите на ИПА во администрацијата. Денес, имаме модерна администрација во речиси сите министерства, кои секојдневно работат на имплементација на политиките на ЕУ и проектите на ЕУ. Во наредниот период сите наши национални напори ќе бидат посветени на нашето членство во Европската Унија. За овој предизвик, знаењето и капацитетот на сите обучени и квалификувани експерти и структури на ЕУ ќе се користат и ќе се прелеат на целата наша администрација“, рече Абдиу-Халили.

Македонската делегација ја сочинуваат претставници на Секретаријатот за европски прашања, министерствата за финансии, за економија, за локална самоуправа, за информатичко општество и администрација, за животна средина и просторно планирање, за труд и социјална политика, Државниот завод за ревизија, ревизорско тело за ревизија на инструмент за претпристапна помош, Бирото за јавни набавки, Министерството за транспорт и врски, Државниот завод за статистика, Центарот за управување со кризи, Генералниот секретаријат, Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Утре, продолжува билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 22, на кој ќе се презентира каков напредок имаме постигнато и што правиме за зајакнување на финансискиот менаџмент и за административните капацитети, како и за резултатите од досегашната заложба за отвореност, видливост, транспарентност на македонските институции.

Република Северна Македонија има повеќе од 15 години искуство во спроведувањето на претпристапната помош на ЕУ. Почнувајќи од 2007 година кога беа воспоставени структурите на национално ниво и потоа во 2009/2010 година кога беше доделена акредитацијата на националните власти за управување со четири од пет компоненти на ИПА, Република Северна Македонија почна да ги спроведува правилата и регулативата на ЕУ во оваа област, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Текстот На скрининг-агендата денеска и утре билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 22 е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn