Најчевска: Холандскиот амбасадор ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на државата

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Холандскиот амбасадор ги надмина своите овластувања и се меша во внатрешните работи на Македонија, реагираше на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ја изјавата на амбасадорот Дирк Јан Коп, кој вината за бавниот евроинтеграциски пат на Македонија ја лоцира кај македонската власт.

Најчевска со коментар на изјавите на Коп.

„Прво, холандскиот амбасадор ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на државата.

Второ, во ниту еден момент не ја спомнува ДУИ како носител на континуитетот во криминалот и корупцијата“, пишува Најчевска.

Трето како што истакнува Најчевска, „со пасивниот однос кон Бугарија и нивните бесмислени барања, заедно со другите амбасадори отвори простор за дефокусирање на вниманието на граѓаните од реформите и концентрација околу наметнати уставни промени“.

Холандскиот амбасадор вчера ја искористи Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“, од која упати порака за македонските политичари. Тој појасни дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена и дека поради корупција и непотизам се заглавени сите процеси.

Текстот Најчевска: Холандскиот амбасадор ги надминува своите овластувања и се меша во внатрешните работи на државата е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn