Јулијан Нагелсман (36) го објави првиот список на играчи како селектор на германската фудбалска репрезентација.
Наглесман во репрезентација го врати 34. годишниот стопер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс. Светскиот шампион од 2014 година последен пат за Германија играше летото 2021 година на ЕП.
Во тимот повторно е и искусниот напаѓач на Баерн Томас Мулер (34).
Нагелсман повика и тројца дебитанти Роберт Андрих (29) од Баер Леверкузен, Крис Фухрих (25) од Штутгарт и Кевин Беренс (32) од Унион Берлин.
Германија на 14 октомври во Хартфорд ќе игра против САД и три дена подоцна во Филаделфија против Мексико.
Текстот Нагелсман ги врати ветераните Хумелс и Милер во националниот тим е превземен од МАКФАКС.