„Денес го отвораме новиот спортско рекреативен комплекс во Лисиче, локација која што ја посетивме уште за време на кампањата за локалните избори и која беше дива депонија. Искрен да бидам оваа локација пред две години изгледаше на земја од третиот свет. Сите жители на оваа општина заслужуваат и нивните деца и нивните семејства да имаат еднакви услови за рекреација, за спортување и сметам дека со оваа инвестиција во општина Аеродром го постигнавме токму тоа“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.
„Заокружуваме две години од мандатот и токму затоа денес напоменав низа инфраструктурни инвестиции во Лисиче кои се направени во последните две години. Офанзива во овој дел од општината каков што таа не памети и со таков интензитет ќе продолжиме.
Тоа што сакам да го повторам и го истакнав во медиумите во последните неколку мои интервјуа е дека се прават максимални опструкции од страна на централната власт да не се реализираат капитални инвестиции во општина Аеродром. Тоа е до тој степен изразено што во моментов што на седница на влада повеќе месеци се блокира пристап до обврзница, односно пристап на средства кои се наши, кои ни припаѓаат нам и кои ние имаме одговорност да ги реализираме.
Со блокирањето на тие средства владата на СДС и ДУИ блокира две нови детски градинки во Аеродром, нов плоштад позади Капитол мол и доградба и проширување на капацитетите на две основни училишта.
Ние не ги бараме тие средства за плати или непродуктивни трошоци, ги бараме за капитални инвестиции. И тие ќе се реализираат. Денес имаме чест и задоволство со нас да биде човекот кој ќе биде премиер на Македонија за неколку месеци и од кој имаме цврсти гаранции дека Аеродром ќе има и повеќе од овие средства за покрај овие инвестиции за кои зборуваме за следните години да се реализираат и дополнителни капитални инвестиции“, кажа Муцунски.
„Колку што тие се обидуваат да спречат, толку помотивирани сме да реализираме проекти кои се ветени во нашата програма која целосно ќе биде реализирана до 2025 година и да реализираме проекти кои се за доброто на сите жители на Аеродром, независно дали се симпатизери на некоја политичка партија, не се симпатизери. Тука заеднички работиме за сите жители на оваа општина.
Во таа насока уште еднаш благодарам и во следниот период како и во минатите месеци и години повторно ќе покануваме медиуми за секој проект во Аеродром, како што може да следите многу нови проекти се реализираат, нашите планови се со уште позасилена динамика да продолжиме во идниот период“, додаде градоначалникот на општина Аеродром.
Текстот Муцунски на отворање на спортски комплекс во Лисиче: Колку што Владата се обидува да не кочи, толку помотивирани сме да работиме е превземен од МАКФАКС.