
Говорејќи за работата на Владата предводена од СДСМ и ветувањата за реализација на проекти во Аеродром, градоначалникот на општината потенцира дека ниту едно ветување дадено од нивна страна досега не е реализирано.
„На само четири месеци до крајот на нивниот мандат и заминувањето во опозиција, се потсетуваме на проектите што ги ветуваа пред аеродромци во 2020 година. Мандат исполнет со лажни ветувања, недомаќинско и расипничко работење, од кое последиците ги трпи државата и сите ние граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава коментирајќи дека има многу лицемерство во работењето на Владата.
Тој додаде дека ниту еден од ветените проекти, кој се однесува на Аеродром, досега не е реализиран.
„Напротив, изминатите две години секојдневно, со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест, ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции“, заклучи Муцунски.
Текстот Муцунски: Многу лицемерство во работењето на Владата и ниту еден проект за Аеродром е превземен од МАКФАКС.